Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Иран: Ормускиот теснец останува затворен сѐ додека не се надомести воената штета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryoop8gvjbr0hf7v7qDXK

Ормускиот теснец повторно ќе биде отворен за транзит дури кога дел од приходите од сообраќајот ќе се искористат за компензација на штетите од војната, соопшти кабинетот на иранскиот претседател.

— реклама —

Мехди Табатабаи, заменик задолжен за комуникации и информации во претседателскиот кабинет, изјави дека отворањето на Ормускиот Теснец е условено со надоместување на „целокупната штета предизвикана од наметнатата војна“.

— реклама —

Тој упати остри критики кон американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека „прибегнува кон навреди и бесмислици од очај и гнев“, обвинувајќи го дека започнал војна од големи размери во регионот и продолжува да се фали со тоа.

— реклама —

Регионот е во состојба на висока готовност откако САД и Израел на 28 февруари започнаа заедничка офанзива врз Иран, при што досега загинаа повеќе од 1.400 луѓе, вклучително и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

— реклама —

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде се распоредени американски сили, а воедно го ограничи движењето на бродовите низ Ормускиот Теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Иран предупреди: Ниту еден брод нема да минува низ Ормускиот теснец без наше одобрение

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Иран ги отфрли тврдењата на Венс за договор околу нуклеарните инспекции

Свет | пред 3 дена

media-libraryiftf0s8k52bn2rbcI3g

Иранската делегација одби заедничка фотографија со Американците на разговорите во Швајцарија

Свет | пред 4 дена

media-libraryqe0h5kab64i9ft3VjDU

Пакистан: Техничките преговори меѓу САД и Иран ќе се одржат утре во Швајцарија

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања