Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Иран: Подготвени сме решително да се пресметаме со американскиот агресор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Портпаролот на иранскиот централен штаб Хатам ал Анбија, Ебрахим Золфагари, денес изјави дека вооружените сили на Иран се подготвени решително да се пресметаат со силите на „американскиот агресор“.

— реклама —

Како што наведе, тоа би бил одговор на, како што рече, флагрантен акт на агресија од страна на американски терористички командоси против ирански комерцијален брод во Оманското Море.

Тој, сепак, додаде дека иранските вооружени сили се соочуваат со одредени ограничувања поради присуството на неколку членови од семејствата на екипажот на бродот, чии животи и безбедност се изложени на постојан ризик.

— реклама —

„Со оглед на моменталната ситуација, кога ќе биде обезбедена безбедноста на семејствата и екипажот на бродот кој е цел на американската агресија, моќните вооружени сили на Исламската Република Иран ќе преземат неопходни мерки против терористичката армија на САД“, наведе Золфагари.

— реклама —

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) денес соопшти дека ги принудила американските сили стационирани во Оманскиот Залив да се повлечат, откако американски војници наводно отвориле оган врз ирански трговски брод, јави агенцијата Мехр.

Според извештајот, американските „терористички сили“ го нападнале иранскиот трговски брод со цел да го принудат да се врати во иранските територијални води.

Се наведува дека овој потег бил одговор на затворањето на Ормускиот теснец, враќањето на индиски и британски трговски бродови, како и на контролни мерки применети од IRGC.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања