Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран предупредува: Американско мешање во Ормутскиот теснец е кршење на примирјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Иран предупреди дека секое американско мешање во новиот поморски режим во Ормутскиот теснец ќе се смета за директно кршење на примирјето, по најавите од Вашингтон за операција за ослободување на заглавените бродови.

— реклама —

Реакцијата доаѓа од претседателот на одборот за национална безбедност во иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, кој преку социјалните мрежи испрати јасна порака до САД.

— реклама —

„Секое американско мешање во новиот поморски режим во Ормутскиот теснец ќе се смета за кршење на примирјето“, напиша Азизи.

Тој додаде дека Ормутскиот теснец и Персискиот Залив „нема да се водат според објавите на Доналд Трамп, кои немаат допир со реалноста“, нагласувајќи дека „никој нема да поверува во сценарија за префрлање вина“.

— реклама —

Изјавата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп најави операција под името „Проект Слобода“, чија цел е извлекување на трговските бродови што останаа заглавени во теснецот поради воените дејствија.

Со ова дополнително се заострува реториката меѓу Техеран и Вашингтон, во момент кога Ормутскиот теснец останува една од најкритичните точки за глобалната безбедност и трговија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања