Промени тема
Контакт

Иран се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Иран ќе ги нападне американските воени бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат од американските сили, кои во последниот период го зајакнаа своето присуство во регионот, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој нагласи дека евентуален одговор на Техеран не треба да се толкува како напад врз државите во кои се наоѓаат базите, туку исклучиво како насочена акција против американското воено присуство.

Изјавата на Арагчи доаѓа ден по најавите од Техеран и Вашингтон дека ќе продолжат индиректните преговори за иранската нуклеарна програма, кои двете страни ги оценија како конструктивни. Во интервју за катарската телевизија „Ал Џезира“, иранскиот министер изјави дека датумот за следната рунда разговори сѐ уште не е утврден, но дека постои заедничка подготвеност тие да се одржат наскоро. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека новиот круг разговори би можел да започне веќе на почетокот на наредната недела.

— реклама —

Трамп во изминатиот период упати повеќе закани кон Иран, поврзани со зајакнатото американско воено присуство во регионот, барајќи Техеран да се откаже од збогатувањето ураниум, што може да води кон развој на нуклеарно оружје, како и да го запре развојот на балистички ракети и поддршката на вооружени групи во регионот. Иранските власти постојано негираат дека имаат намера да произведат нуклеарно оружје.

Иако двете страни покажуваат подготвеност за продолжување на дипломатските напори околу долгогодишниот нуклеарен спор, Арагчи јасно порача дека Техеран не прифаќа проширување на преговорите на други теми. Според него, секој дијалог бара воздржаност од закани и притисоци, а разговорите со САД се ограничени исклучиво на нуклеарната програма. Иран инсистира на признавање на своето право на збогатување ураниум и смета дека ставањето на ракетниот програм на преговарачка маса би ја направило земјата поранлива на евентуални израелски напади.

— реклама —

Потсетувајќи на настаните од минатата година, Арагчи посочи дека во јуни САД се приклучија на завршната фаза од дванаесетдневната израелска кампања на бомбардирање ирански нуклеарни објекти, по што Техеран возврати со ракетен напад врз американска база во Катар. Иранските власти тврдат дека по тие настани ги запреле активностите за збогатување ураниум.

— реклама —

Во случај на нов американски напад, Иран ќе постапи на сличен начин, најави Арагчи, нагласувајќи дека цел ќе бидат исклучиво американските бази во регионот, а не земјите домаќини. Според него, постои јасна разлика меѓу напад врз американско воено присуство и напад врз соседните држави, разлика која, како што рече, Техеран јасно ја прави во своите пораки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

САД ја прекинаа кинеската хакерска операција: На мета биле НАСА, Сенатот и други институции

Свет | пред 12 часа

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков потврди: Шефот на ЦИА имал контакти со руските разузнавачи, но не се сретнал со Путин

Свет | пред 13 часа

media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Маж во САД убил пет лица по расправија со девојката

Свет | пред 13 часа

media-librarytkgoua4ejh4pedfe3al

Шефот на американската разузнавачка агенција во Москва, Кремљ негира дека знае нешто

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања