Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Иран: Следува употреба на досега невидено оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Iran

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следува употреба на досега невидено оружје, пренесува иранската државна телевизија.

— реклама —

Три извори навеле дека во израелските напади биле убиени иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур.

— реклама —

Првиот бран удари од операцијата што Пентагон ја нарече „Епски бес“ главно бил насочен кон ирански функционери, изјавил извор запознаен со ситуацијата. Во меѓувреме, бил започнат и втор бран напади, чија цел биле ракетни лансери во Иран.

Израел и Соединетите Американски Држави започнаa со нападите два дена откако индиректните преговори со посредство на Оман во Женева не донеле напредок околу иранската нуклеарна програма.

— реклама —

Израелски функционер изјавил дека мети биле иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, и претседателот Масуд Пезешкијан. Исходот од тие напади засега не е познат, но извор запознаен со ситуацијата претходно за Ројтерс изјавил дека Хамнеи воопшто не бил во иранската престолнина, туку бил префрлен на безбедна локација.

Ирански извор близок до властите за Ројтерс открил дека биле убиени неколку високи команданти на Револуционерната гарда, како и политички функционери. Иранските државни медиуми пренесуваат дека четириесет лица загинале во израелски воздушен напад врз основно училиште за девојчиња на југот на Иран, а израелската војска сè уште не одговорила на барањето да ги коментира тие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања