Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран тврди: Уапсени 111 лица, меѓу нив и „американски шпиони“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во обемна безбедносна операција се уапсени 111 лица во 26 покраини, меѓу кои и четири лица осомничени за шпионажа во корист на САД.

— реклама —

Според државната новинска агенција, акцијата била спроведена во текот на една ноќ, при што, како што тврдат властите, биле разбиени десетици опозициски ќелии и запленета „значителна количина“ оружје.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека четворицата осомничени шпиони биле уапсени во покраините Хамадан и Западен Азербејџан, и дека наводно собирале чувствителни информации за безбедносните структури.

„Овие лица доставувале податоци за локации на командни центри, опрема и распоред на безбедносните сили“, соопшти Министерството.

— реклама —

Иранските власти ги опишаа уапсените како „предавници“ кои соработувале со странски служби.

Независна потврда за наводите засега нема, а ваквите тврдења доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Иран и САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања