Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ирански медиуми: Врховниот лидер издал нови директиви за продолжување на операциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Иранската државна телевизија објави дека началникот на командата на вооружените сили, Али Абдолахи, се сретнал со врховниот лидер Мојтаба Хамнеи, кој не се појавил во јавноста откако бил именуван на функцијата во март.

— реклама —

Според државните медиуми, Хамнеи издал „нови директиви и насоки за продолжување на операциите насочени кон спротивставување на непријателот“, но не е прецизирано кога точно се одржал состанокот.

— реклама —

Агенцијата Франс прес потсетува дека Мојтаба Хамнеи, кој наводно бил ранет во воздушните напади на почетокот на војната на Блискиот Исток, досега се огласувал само преку писмени соопштенија. Во нападите загинал неговиот татко и претходен врховен лидер, Али Хамнеи.

— реклама —

Во меѓувреме, портпаролот на иранската војска, Мохамад Акрамнија, изјави дека бродовите од земји што ги почитуваат американските санкции против Иран ќе се соочуваат со потешкотии при преминување низ Ормускиот Теснец.

Ирански пратеници истовремено работат на закон со кој формално би се регулирала иранската контрола врз Ормускиот Теснец, вклучително и можност за забрана на пловидба за бродови од „непријателски држави“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања