Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ирански проектили погодија два нафтени танкера во Ормускиот Теснец, загина член на екипажот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs
фото: unsplash

Еден член на екипажот, индиски државјанин, загина, а осум лица се повредени откако ирански крстосувачки проектили погодија два нафтени танкера на Обединетите Арапски Емирати додека пловеле низ Ормускиот Теснец.

— реклама —

Компанијата ADNOC L&S потврди дека танкерите „Момбаса Б“ и „Ал Бахјах“ претрпеле значителни оштетувања во нападот.

— реклама —

Според Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати, четворица од повредените се здобиле со тешки повреди. Шестмина се индиски, а двајца украински државјани.

Оманските власти соопштија дека 18 членови на екипажот од танкерот „Ал Бахјах“ биле евакуирани, додека по уште три лица сè уште се трага.

— реклама —

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека танкерите биле погодени откако ги игнорирале предупредувањата, ги исклучиле навигациските системи и се движеле по, како што тврди Техеран, забранета рута.

— реклама —

Од Иран ги обвинија Соединетите Американски Држави дека ги насочиле бродовите да користат нелегален пловен правец, предупредувајќи дека ваквите инциденти можат дополнително да ја продлабочат енергетската криза и да го одложат целосното отворање на Ормускиот Теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран постави седум услови за мир со САД: Техеран одбива преговори додека не бидат исполнети

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 5 дена

media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 6 дена

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања