Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иранскиот претседател: Ниту една сила не може да нè принуди на покорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска дека ниту една сила во светот не може да го присили иранскиот народ на покорност.

— реклама —

„Иран не сака војна и нестабилност, туку секогаш ја истакнувал важноста на дијалогот и конструктивната интеракција со сите земји во светот. Меѓутоа, секој обид да ѝ се наметне каква било волја на земјата или да се принуди на предавање е осуден на пропаст и иранската нација никогаш нема да попушти пред таков пристап“, нагласи иранскиот претседател.

— реклама —

Тој, за време на посетата на различни одделенија на Службата за вонредни ситуации во Техеран, укажа на, како што наведе, „актуелните двојни стандарди во меѓународната политика“, нагласувајќи дека секоја воена офанзива против суверени држави претставува целосно кршење на сите прифатени меѓународни принципи.

— реклама —

„Што ја оправда воената агресија врз нашата земја? Какво оправдување постои во рамки на меѓународното право и хуманитарните принципи за таргетирање цивили, елита, деца и уништување витални центри како што се училиштата и болниците?“, праша Пезешкијан.

Тој го пофали „неспоредливото и примерното единство“ на Иранците за време на 40-дневната војна која, како што рече, „ги осуетила целите на непријателот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања