Промени тема
Контакт

Иранскиот претседател пред ОН: Никогаш нема да бараме нуклеарна бомба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
sobranie-obedineti-nacii

Претседателот на Иран, Масуд Пежешкијан, во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите Нации изјави дека неговата земја никогаш не побарала, ниту пак ќе побара да изработат нуклеарна бомба. Тој ги осуди нападите на Израел, изведени со поддршка на Соединетите Американски Држави, оценувајќи ги како „тешко предавство на дипломатијата“ и удар врз мирот во регионот.

— реклама —

Нападите се случија токму во моментот кога чекоревме по патот на дипломатските преговори. Тоа претставуваше грубо нарушување на довербата и сериозна закана за стабилноста, рече Пежешкијан, кој изрази жалење за загинатите граѓани во неговата земја.

— реклама —

Тој го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „криминалец“ и додаде дека иранската политика е заснована на јасен верски едикт издаден од врховниот лидер и верските авторитети, со кој се забранува производство на оружје за масовно уништување.

— реклама —

Ние не бараме нуклеарно оружје. Тоа е наш принцип и наше уверување, порача иранскиот претседател пред светските лидери.

Според „Ројтерс“, Меѓународната агенција за атомска енергија, која врши инспекции во Иран, соопштила дека иако не може целосно да гарантира дека иранската нуклеарна програма е исклучиво мирољубива, нема докази за постоење на активен и координиран програм за нуклеарно вооружување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ferf7c6rhqm1UVuf1l

САД ќе пренесуваат во живо егзекуција со стрелање: На 3 декември ќе биде погубен убиец на 13 лица

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Забрана за извоз на дизел од САД може да предизвика нов недостиг на гориво

Свет | пред 1 ден

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 2 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања