Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym58bhnl2m9bj1lCcIOw

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, реагираше по случајот во Гостивар, каде што повеќе од 1.000 граѓани побараа лекарска помош поради сомнеж за неисправна вода за пиење, оценувајќи дека настанот е показател за, како што вели, долгогодишното назадување на државата.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Исмаил направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, тврдејќи дека во минатото не се случувале случаи на масовно труење со вода од градските водоводи.

— реклама —
— реклама —

Тој посочи и на, како што наведува, влошената состојба со животната средина, јавната инфраструктура и урбанизмот во повеќе градови, меѓу кои Гостивар, Тетово, Дебар и Струга, обвинувајќи дека загадувањето, дивите депонии, неконтролираната урбанизација и запоставувањето на културното наследство се резултат на долгогодишно институционално потфрлање.

Исмаил во објавата се осврна и на состојбата во скопската Стара чаршија, населбата Чаир и неколку културно-историски споменици, оценувајќи дека нивната автентичност е нарушена. Тој постави и прашања во врска со промената на имињата на улици и јавни обележја, оценувајќи дека тоа претставува искривување на историското наследство.

— реклама —

„Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму“, порача Исмаил во својата објава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања