Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Истече американското олеснување за купување руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Американската администрација не го продолжи изземањето од санкциите за купување руска нафта, кое истече на 16 мај, со што заврши привремениот период на олеснување на рестрикциите кон рускиот енергетски сектор.

— реклама —

Мерката се однесуваше на ограничени количини руска нафта што веќе биле натоварени на танкери, а САД претходно двапати го продолжуваа изземањето – во март и април годинава.

— реклама —

Одлуката доаѓа во период на зголемена загриженост за глобалното снабдување со енергенси поради конфликтот со Иран и нарушувањата во транспортот на нафта низ Ормускиот теснец, што доведе до раст на цените на суровата нафта на светските пазари.

Европските сојузници на Вашингтон го критикуваа привременото ублажување на санкциите, оценувајќи дека тоа ѝ овозможува на Москва дополнителни приходи за финансирање на војната во Украина.

— реклама —

Од друга страна, земји како Индија и Индонезија бараа продолжување на изземањето поради зависноста од увоз на енергенси и нестабилноста на глобалниот пазар.

— реклама —

Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјави дека продолжувањето на мерките било неопходно за зачувување на стабилноста на светскиот енергетски пазар за време на кризата на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 1 ден

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп по изборниот пораз на републиканците: Ќе се вратиме посилни од кога било

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања