Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Исти сообраќајки се казнувале со помали казни, вели Дуковски кој најави жалба за 12 годишната казна затвор за Јованов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vasil-jovanov-1

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, рече дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна. Според него, сите вакви случаи се казнувале со помали казни, па и тој бара истата да се намали.

„Бидејќи признавме вина, очекувана беше осудителна пресуда. Ваква пресуда не е во согласност со воспоставената пракса. Иста ваква сообраќајка, во 2019 година, на истото место, завршена е со правосилно со 3,5 години затвор. Сетете се на пресудата во Велес, само со еден прекршок повеќе - правосилно заврши со осум години. Само за тоа преговарам. Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика. Сметам дека не е ценето во доволна мера признанието на вина“, рече Дуковски.

— реклама —

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

— реклама —

„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.

— реклама —

„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

— реклама —

vasil-j

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторн

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Остро обраќање на таткото на загинатата Фросина: „Парите им се помили од образот“

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
vasil-j

Возачот Васил Јованов бара помала казна, обвинителката Фатиме Фетаи – построга пресуда

Македонија | пред 8 месеци

vasil-tatko

На 24 јуни ќе му се суди на Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов

Македонија | пред 1 година

frosina-4512513245

Утре во 17 часот кај Универзална за Фросина: „Ова е плукање врз нашата болка, не е пресуда“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања