Промени тема
Контакт

ИТ гигантите од Кина им дозволија на властите увид во алгоритмите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
alibaba

Алгоритмите одредуваат што и по кој редослед гледаат корисниците на социјалните мрежи, а компаниите строго ги чуваат.

Група кинески дигитални гиганти, вклучително и Alibaba, Tencent и ByteDance, сопственикот на TikTok, му дадоа на регулаторот увид во алгоритмите, кои социјалните мрежи обично ги сметаат за деловна тајна, бидејќи тие се клучни за нивниот успех, пренесува Хина.

— реклама —

Американските технолошки гиганти Мета и Алфабет успеаја да обезбедат статус на деловна тајна, забележува Би-Би-Си.

— реклама —

Кинеската управа за сајбер простор (CAC) објави листа со описи на 30 алгоритми и планира да ја објавува редовно во иднина за да ја спречи злоупотребата на податоците, се вели во заедничкото соопштение на компаниите.

На листата се и алгоритмите од компанијата за дигитална трговија Taobao, во сопственост на Alibaba. Алгоритмот на Таобао „препорачува производи или услуги на корисниците врз основа на нивниот дигитален отпечаток и податоците од пребарувањето“, се вели во документот.

— реклама —

Алгоритмот на ByteDance за Douyin, кинеската верзија на TikTok, наводно ги мери интересите на корисниците врз основа на кликови, коментари и допаѓања.

— реклама —

ByteDance одби да коментира за најавата за алгоритам, а Alibaba и Tencent веднаш не одговорија на барањата на BBC за коментар.

Кина во март усвои нови прописи за алгоритми, според кои корисниците можат да одбијат такво следење на активности, а компаниите мора да регистрираат алгоритми во CAC доколку можат да влијаат на јавното мислење или да го мобилизираат општеството, потсетува Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l1ncp3lp9767qI6RjZ

„Фајрфокс“ воведува вграден блокатор на реклами на „ајфон“: Крај на досадните реклами?

Технологија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryspmre4c1giea9rsYHzI

Waze добива големо ажурирање со Gemini: Паметни рути, нови функции и подобар режим за мотоцикли

Магазин | пред 1 месец

media-library17hlkstfv9ij9aH3q5w

Xiaomi подготвува HyperOS 4: Познато кога би можело да започне бета-тестирањето

Магазин | пред 1 месец

media-libraryvg6h2rjf0ef8dO6Ti34

Nvidia инвестира 5 милијарди долари во стартапот на коосновачот на OpenAI

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања