Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Италија го повика рускиот амбасадор поради тешки навреди кон Мелони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
dzordza-meloni

Италија денеска го повика рускиот амбасадор во земјата на разговор поради навредите упатени на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони во програма на руската телевизија, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

— реклама —

Тајани, како што пренесува Ројтерс, навел дека амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи изјави“ кои ги изнел телевизискиот водител Владимир Соловјов.

— реклама —

Како што наведува Ројтерс, Соловјов во краток телевизиски прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони нарекувајќи ја, меѓу другото, „идиот“, додека на руски јазик рекол дека е „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи.

— реклама —

Тој исто така ја обвини италијанската премиерка дека го изневерила американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што додава Ројтерс, односите меѓу Мелони и Трамп во последно време се влошиле, откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател поради нападот на папата Лав XIV.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dzordza-meloni

Мелони: Протестирањето е право, но претворањето на нашите градови во пепел не е

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Мелони загрижена за цените на горивото и енергијата: „Треба да ги слушаме САД“

Свет | пред 2 седмици

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Мелони собори историски рекорд: Нејзината влада е најдолговечна во Италија по Втората светска војна

Свет | пред 1 месец

media-libraryufh448gulq68eZeCEhC

Мелони: Верував дека работите со Трамп ќе бидат полесни, но испадна поинаку

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања