Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мелони им дозволува на Италијанците да избираат сопствени регистарски таблички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
dzordza-meloni

Италијанската влада планира да им овозможи на возачите да избираат персонализирани регистарски таблички за своите возила, со што се очекува да се зголемат приходите во државниот буџет.

— реклама —

Мерката ја најави премиерката Џорџа Мелони при претставувањето на предлог-буџетот за 2027 година. Таа оцени дека новината ќе им овозможи на граѓаните да ја изразат својата креативност, но за тоа ќе треба да платат.

— реклама —

Според предложената мерка, персонализирана регистарска табличка за автомобил ќе чини околу 600 евра, а за мотоцикл 360 евра. Италијанското Министерство за финансии засега не објавило колкави приходи очекува од оваа новина. Сè уште не е познато ниту колку возачите ќе можат да отстапуваат од досегашниот формат на табличките.

Предлогот предизвика поделени реакции. На социјалните мрежи се појавија шеги и мемиња, а дел од граѓаните изразија загриженост дека персонализираните таблички би можеле да се користат за навредливи пораки.

— реклама —

Мерката ја поздравија таксистите, кои сметаат дека посебните таблички би можеле да помогнат во препознавањето на легалните превозници и сузбивањето на нелегалниот превоз.

Од друга страна, опозициските партии ја обвинија владата дека со оваа иницијатива го одвлекува вниманието од поважните проблеми што не се решени со буџетот. Франческо Силвестри од Движењето пет ѕвезди порача дека Италијанците веќе ја избрале својата персонализирана табличка, на која, според него, пишува: „Мелони, замини си“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dzordza-meloni

Мелони: Протестирањето е право, но претворањето на нашите градови во пепел не е

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Мелони загрижена за цените на горивото и енергијата: „Треба да ги слушаме САД“

Свет | пред 3 седмици

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Мелони собори историски рекорд: Нејзината влада е најдолговечна во Италија по Втората светска војна

Свет | пред 1 месец

media-libraryufh448gulq68eZeCEhC

Мелони: Верував дека работите со Трамп ќе бидат полесни, но испадна поинаку

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања