Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
avtopat
Илустрација

Возачите во Италија наскоро би можеле да се соочат со парични казни до 160 евра доколку на одредени делници од автопатите возат премногу бавно. Предложената мерка има цел да ја подобри проточноста на сообраќајот и првично би се применувала на автопатите со шест сообраќајни ленти.

— реклама —

Според најавите, на делниците со најмалку три ленти во секоја насока би била пропишана минимална брзина од 100 километри на час во левата лента.

— реклама —

Сепак, ќе има исклучоци кога сообраќајните знаци наложуваат поинаква брзина или кога условите на патот бараат побавно возење. Тоа се однесува на густа магла, силен дожд, сообраќајни несреќи, градежни работи и застои во сообраќајот.

— реклама —

Казните би се движеле од 40 до 160 евра, а се предвидени во нацрт-законот за безбедност во сообраќајот, кој италијанската влада го одобри во октомври и го испрати во парламентот. Се очекува мерката да стапи во сила по усвојувањето на конечниот законски текст.

— реклама —

Италијанските автопати секоја година ги користат милиони туристи. Според податоците на италијанската Агенција за заштита на животната средина ИСПРА, пред две години околу 40,7 милиони странски посетители пристигнале во земјата со автомобил, што претставува речиси 46 отсто од вкупниот број меѓународни пристигнувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 1 седмица

dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 1 седмица

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања