Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мелони предупредува на ширење хаос по заканите со бомби во 6.300 училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Свет
dzordza-meloni

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за постоење на конкретна опасност по анонимните закани со бомби упатени до повеќе од 6.300 училишта низ Италија. Таа предупреди дека станува збор за „стратегија насочена кон ширење хаос“.

— реклама —

На состанокот со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, Мелони повика на единство меѓу политичките сили и размена на достапните информации за низата закани и пријави регистрирани во изминатите денови. Меѓу нив се и случаи поврзани со хакерски активности и сомнителни експлозивни направи во училишта.

— реклама —

Состанокот траел речиси два часа, а присуствувале и вицепремиерите Антонио Тајани и Матео Салвини, како и повеќе министри и високи државни претставници. Мелони нагласила дека средбата не е замена за обраќање пред парламентот, откако дел од опозициските политичари побарале пратениците да бидат информирани за заканите.

— реклама —

Случаите ја отворија и можноста за хибридно војување, односно користење сајбер-напади и лажни дојави за предизвикување несигурност и дезориентација.

— реклама —

Покрај околу 6.300 училишта во Италија, закани со бомби вчера добиле и повеќе од 700 училишта во Шкотска и Северна Ирска. По полициските проверки и евакуациите, наставата во Италија денеска треба да продолжи редовно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 2 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 4 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања