Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Свет
media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG
Илустрација

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска биле евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за наводно поставени бомби, соопшти италијанскиот министер за образование, Џузепе Валдитара, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Министерот изјавил дека се претпоставува оти станува збор за лажни дојави, но очекува бројот на засегнати училишта да продолжи да расте. По добиената закана, едно училиште во Рим ги известило родителите дека сите ученици се префрлени на безбедно место и се под надзор на наставниот кадар.

— реклама —

Валдитара оценил дека големиот број училишта опфатени со заканите укажува на тоа колку тие се неверодостојни. Електронската порака била потпишана со името „Михаил Андропов, водач на Вилаетот Мизогинистан“.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачки пораки за поставени бомби, испратени во петокот до редакции на медиуми во Ирска и Бугарија.

— реклама —

Италијанската полиција спроведува истрага за случајот, потврдил портпарол на полицијата во Рим.

— реклама —

Безбедносната тревога се случува во период на зголемена загриженост во Европа поради заканите поврзани со таканареченото хибридно војување, чии мети во изминатиот период биле супермаркети, банки за крв, воздушниот сообраќај и телевизиски куќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 1 ден

— реклама —
media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 3 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 5 дена

media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања