Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Италијанец загина од удар на гром додека ловел риба на јадранскиот брег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarydvrq56vusdnm9MryK3X
Photo by Michał Mancewicz on Unsplash

Риболовот на јадранскиот брег во Италија трагично завршил за 70-годишен маж, кој загинал откако гром удрил во врвот на риболовниот стап што го држел во рацете.

— реклама —

Несреќата се случила во петокот, 18 септември, на карпите во близина на плажата во местото Санта Лучија, недалеку од Остуни, во областа Бриндизи. Мажот бил со пријател, кој останал неповреден, но доживеал силен шок.

— реклама —

По ударот на громот, пријателот веднаш повикал итна медицинска помош. Екипите пристигнале на местото и се обиделе да го реанимираат 70-годишниот маж, но не успеале да го спасат.

Според првичните наоди од истрагата, громот го погодил врвот на карбонскиот риболовен стап. Од силниот удар мажот паднал врз карпите и се здобил со повреди на главата, објави агенцијата АНСА.

— реклама —

Во попладневните часови областа кај Остуни била зафатена од силно невреме со чести удари на гром, додека во јужните делови имало краткотрајна бура.

— реклама —

Ова е втор смртен случај на истото подрачје во период од околу една година. На 2 октомври минатата година, за време на невреме, животот го загубил уште еден Италијанец, Оронко Епифани, чие возило било повлечено од надојдена вода во канал. Неговото тело било пронајдено неколку часа подоцна на непристапен терен во близина на карпестиот брег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 15 часа

— реклама —
media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 2 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 3 дена

media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања