Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иванов: Предлог-буџетот за 2027 година се темели на три принципи: економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-library5rk91uknr2qdcCedXZm

Економскиот раст, финансиската стабилност и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните се трите основни принципи врз кои се темели Предлог-буџетот за 2027 година, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.

— реклама —

Во своето излагање тој се осврна на социјалната компонента на буџетот, посочувајќи дека за социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, што претставува зголемување од 4,1 процент. Од оваа сума, 123,8 милијарди денари се наменети за пензии, со предвиден раст од 4,8 проценти согласно со законското усогласување.

— реклама —

Иванов говореше и за значењето на инвестициите и отворањето нови работни места, оценувајќи дека проширувањето на производството и развојот на компаниите создаваат додадена вредност за македонската економија.

Според него, на државата ѝ се потребни конкурентни компании, стабилна деловна клима, предвидлива даночна политика и институции што ќе му служат на стопанството, наместо да претставуваат административна пречка.

— реклама —

Тој нагласи дека поддршката на домашното производство, малите и средните претпријатија, земјоделството и извозно ориентираните компании е дел од долгорочната економска стратегија на Владата.

— реклама —

„Нашата политичка определба, политичката определба на оваа Влада, е јасна – да градиме држава со стабилни јавни финансии, посилна економија, повеќе инвестиции и подобри услови за живот“, рече Иванов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Ivanov

Иванов од Единбург : „Само со државничко и стратешко лидерство народите можат да изградат доверба“

Македонија | пред 1 година

— реклама —
czrvenkovski-i-ivanov-1-2-1024x794-1

Македонија гори, а ни глас од Црвенковски и Иванов

Македонија | пред 2 години

Baku-2

Иванов учествуваше на 11. Глобален форум во Баку

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Иванов: Со договорот од Преспа го негирате македонскиот народ, а со Законот за јазици ја демонтирате државата

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања