Промени тема
Контакт

Ивица Коневски од Мериот коалицијата главен адвокат во Кисела Вода, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ivica-Konevski-1

„Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој важеше за близок соработник и адвокат на Сашо Мијалков, во последниве три месеци добил 200.000 денари од општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски“, вели Левица.

Од партијата додаваат:

— реклама —

„Додека градоначалникот Ѓорѓиевски одбива да воведе бесплатни градинки по иницијатива на Левица, очигледно општината може месечно да издвојува 70.000 денари за Ивица Коневски.

— реклама —

Токму портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски и Стоилковски, претходно го обвинуваа Коневски дека одработува за владејачкиот режим на СДСМ и поради тоа никогаш не излегол со јавна критика. Самиот Стоилковски јавно тврдеше дека Коневски поседува стан во зградата на Мајчин дом и деловен простор од 350 м2.

Токму партијата на градоначалникот Ѓорѓиевски изминатиот период тврдеше дека амнестирањето од кривичен прогон Коневски го добил поради неговиот молк против политиките на Заев. Всушност, Коневски беше еден од бившите функционери на ДПМНЕ кој тврдеше дека промената на името е завршена работа и неговата партијата треба да гледа кон иднината. Дали и за градоначалникот на Кисела Вода насилничката промена на државното име е завршена работа?

— реклама —

Трошењето пари на граѓаните за функционери кои од својата партија беа обвинувани за криминал е потценување на здравиот разум на сите жители на Кисела вода. Наместо да се плаќа од општински буџет адвокатот на Мијалков, средствата треба да се пренаменат во нови паркови, игралишта, монтажни гаражи и други проекти, од кои бенефит би имале сите жители на Кисела Вода.

— реклама —

Доколку градоначалникот Ѓорѓиевски има потреба од адвокатски услуги, му порачуваме да вработи соодветно лице во општината, со што ќе се рационализираат трошоците на буџетот.

Поврзување со криминогени поранешни функционери и ставање на платен список на општината само укажува на тоа дека триото СДС-ДПМНЕ-ДУИ заеднички функционира на меѓусебно амнестирање од кривичен прогон“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Македонија | пред 5 дена

media-libraryrqn72k27hqpv5A4I6qH

Остварена средба на Крмов со претставници од Европскиот парламент - дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи

Македонија | пред 6 дена

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања