Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Изборниот законик е дел од реформите поврзани со европската интеграција на државата, посочувајќи дека тоа јавно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека Владата ја доведува јавноста во заблуда кога тврди дека Изборниот законик е европски услов, Мицкоски рече дека изјавата на еврокомесарката е доволен доказ.

— реклама —

„Сите можеа да ја слушнат комесарката Марта Кос како кажа дека тоа е дел од реформите кои се важни за евроинтеграцијата. Не мора мене да ме слушаат, нека ја слушаат неа“, изјави премиерот.

Тој ја обвини опозицијата за недоследност во однос на европските интеграции, оценувајќи дека СДСМ се повикува на Европа само кога тоа е во нејзин политички интерес.

— реклама —

„Кога станува збор за нивен интерес, полна им е устата со Европа. Но кога треба да се преземат конкретни чекори и да се понесе одговорност, прават сè за државата да не стигне таму каде што треба“, рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот порача дека Владата ќе продолжи со реализацијата на реформите и стратешките цели, нагласувајќи дека полноправното членство во Европската Унија останува приоритет, без оглед на ставовите на опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања