Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Изет Меџити го уништува спортот: Вчера ФК Шкупи, денес КК Чаир“, велат од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryoo4ropurfn48eXjyBAY

ДУИ преку соопштение обвинува дека спортот во Општина Чаир се соочува со сериозен пад откако со општината раководи Изет Меџити, посочувајќи ги како примери ФК Шкупи и КК Чаир.

Од партијата потсетуваат дека ФК Шкупи пред неколку години беше шампион на Северна Македонија и настапуваше во европските натпреварувања, но минатата сезона заврши на последното место и испадна од Првата лига.

— реклама —

Сега, според ДУИ, слична ситуација се случува и со КК Чаир. Кошаркарската федерација соопштила дека клубот не ги исполнил финансиските обврски за лиценцирање и нема да настапува во Суперлигата во сезоната 2026/2027.

— реклама —

ДУИ посочува дека Општина Чаир само во 2026 година му доделила на клубот 3,6 милиони денари јавни средства, а клубот имал и други извори на јавно финансирање.

Од партијата бараат одговори за тоа колку средства вкупно добил КК Чаир од Општината и другите институции, за што биле потрошени 3,6 милиони денари и колкав бил неплатениот долг кон Кошаркарската федерација.

— реклама —

Од ДУИ прашуваат и како било можно клубот да добива јавни средства, а да не ги подмири обврските неопходни за добивање лиценца.

— реклама —

„ФК Шкупи – од шампион, надвор од Првата лига. КК Чаир – од Суперлигата, без лиценца“, наведуваат од ДУИ, оценувајќи дека станува збор за сериозен проблем со управувањето и одговорноста во спортот во Чаир.

Партијата бара од Изет Меџити да објасни што се случува со спортот во општината и како се користат јавните средства наменети за спортот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 6 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања