Изгласан Договорот со Велика Британија, за власта историски, за опозицијата нетранспарентен и коруптивен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Со 76 гласа „за“ и 6 „против”, Собранието го изгласа Договорот со Велика Британија. Мнозинството аплаудираше, опозицијата извикуваше-уааа.

— реклама —

За власта Договорот е историски и ќе овозможи реализација на сите проекти кои претходната власт не ги направила.

— реклама —

За опозицијата, Договорот не е ексклузивен, а нетранспарентноста остава сомнеж за матни зделки и корупција. За опозицијата непозната е каматата која ќе се плаќа на земените пари.

— реклама —

Според мнозинството, техничка грешка е што Договорот е потпишан од потпретседателот на Република Северна Македонија, функција што кај нас не постои, наместо потпретседател на Владата, Александар Николоски. За опозицијата ова го прави Законот ништовен.

Во овој договор со Велика Британија е наведена рамката за соработка, дека ќе трае 10 години, но и наведени се проектите кои би требало да се финансираат со петте милијарди фунти или шест милијарди евра. Во Анексот А на договорот се веќе познатите проекти како брзата железница Гевгелија – Табановце, болниците во Штип, Тетово и Кичево, но и хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Новина е реконструкцијата на Универзитетскиот клинички центар и градски болници во Скопје, но и во регионот Охрид – Струга. Исто така, новина е и финансирање на Транспортниот Коридор 8, како и сајбер безбедност и дигитална трансформација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања