Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Излетал со трактор од патот, заминал дома без лекар – два дена подоцна починал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
traktor-1
Илустрација

Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал откако им подлегнал на повредите здобиени во несреќа со трактор што се случила два дена претходно.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 10:09 часот во Полициската станица Виница било пријавено од лекар од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој и покрај укажаната лекарска помош и извршената реанимација, починал.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Виница.

Според првичните информации, несреќата се случила на 6 јуни во вечерните часови, кога В.А., управувајќи трактор на локален пат во селото Драгобраште, излетал од коловозот. По несреќата тој се вратил дома и не побарал лекарска помош.

— реклама —

Два дена подоцна, на 8 јуни околу 9 часот, неговиот син го однел во болницата во Виница поради влошена здравствена состојба. Оттаму бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило. Екипа на Итната медицинска помош од Виница се обидела да го реанимира, но тој им подлегнал на повредите.

— реклама —

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 18 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања