Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста на изборите во Израел достигна 55,7 отсто до 16 часот, што е за осум процентни поени повеќе во споредба со 2022 година.

Централната изборна комисија соопшти дека е забележана највисоката излезност досега регистрирана до 16 часот во овој дел од изборниот ден.

— реклама —

Вршителот на должноста генерален директор на Комисијата, Дин Ливне, изјави дека дотогаш гласале повеќе од четири милиони избирачи, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Меѓу поголемите градови, највисока излезност е забележана во Модин, каде што гласале 60,7 отсто од избирачите. Во Тел Авив излезноста изнесувала 50,5 отсто, во Ерусалим 47,7 отсто, а во Хаифа 46,3 отсто.

— реклама —

Додека гласачите излегувале на избирачките места, обилни врнежи го зафатиле јужниот дел на Израел. Поради опасност од поројни поплави, затворен е патот 90, кој води до Еилат, најјужниот град во земјата.

— реклама —

Полицијата наредила и затворање на сите планинарски и пешачки патеки на подрачјето од Бер Шева до Еилат.

Сообраќајот од Еилат се одвива единствено во правец на меѓународниот аеродром „Рамон“, соопшти полицијата.

Израелската метеоролошка служба измерила 17 милиметри дожд за само три часа на една мерна станица во близина на Еилат.

Според прогнозите, врнежите во текот на вечерта дополнително ќе се засилат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 9 часа

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху го промени официјалниот став на Израел за Фолкландските Острови, тврди „Телеграф“

Свет | пред 3 дена

media-librarys88sdliscgepdEf5G1A

Израел го блокираше Хеброн, десетици Палестинци принудени да ги напуштат домовите

Свет | пред 3 дена

netanjahu

Вештачка интелигенција, лични навреди и семејни трагедии – жестока изборна кампања во Израел

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања