„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Изложба на чешкиот уметник Онджеј Мишек во Галерија МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
Syrenka

На 22 октомври во Галерија МКЦ, ќе биде отворена изложбата на чешкиот уметник Онджеј Мишек. Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“.

— реклама —

Онджеј Мишек (1977) Прага, Чешка Репблика

Студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил доста присутен во атељето на проф. Адам Стика.

— реклама —

Помеѓу 2009-2016 година живеел и работел во Бангкок, Тајланд, каде најпрвин бил ангажиран како предавач по графички дизајн на “Accademia Italiana” - Институт за мода и дизајн. Подоцна, работел и како менаџер во еден од најпопуларните ноќни клубови, Maggie Choo’s Bar, кој беше познат по посебните шоуа, кинески кабареа и џез музиката.

Па оттука, сите фаци од Меги Чу, станаа инспирација за огромен број на слики наречени: „Меги Чу серијал“. Улиците и ноќниот живот на Бангкок, Тајланд, како и многу познатиот тајландскиот бокс, се составен дека од серијалот слики под наслов „Бангкок серијал“.

Дополнитлено, Мишек создава и дополнителна серија слики инспирирани од неговиот престој во Варшава на крајот на деведесеттите и почетокот на новиот милениум.

Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графичкиот дизајн и дизајн на плакати.

Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“, на која и предходеше иста тематска изложба оваа година во Прага, во галеријата Mánes. Истата наиде на позитивен одзив кај јавноста и ликовната критика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

МСУ за првпат ќе изложи дела од колекцијата ставени во релација со дела на современи уметници

Магазин | пред 1 година

IMG_6145

Изложбата „Постоиш ли Алиса?“ од 23 ноември во Музејот на Македонија

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

МСУ со изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници

Магазин | пред 1 година

thumbnail_IMG_8897

Изложба на слики од Владимир Темков

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања