Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Измама тешка 730.000 денари во Охрид: Му се јавиле да му кажат дека добил биткоени, па тој уплатил за да ги подигне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
banki-2

На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари.

— реклама —

„Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари“, велат од МВР и додаваат:

— реклама —
— реклама —

Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама.

— реклама —

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Не им дал 100.000 евра, па му го запалиле автомобилот – четворица Турци под истрага

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
uciliste

Наставник нападнал двајца малолетници во основно училиште во Чаир

Македонија | пред 12 часа

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Две малолетнички нападнале и ограбиле девојче во Центар, инцидентот го снимале со телефон

Македонија | пред 12 часа

zena-noz

Жена го нападнала сопругот со остар предмет

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања