Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Измами со криптовалути во Ормутскиот теснец: нудат „слободен премин“ за Биткоин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Марискс, грчка компанија за управување со поморски ризици, предупреди бродски компании за измамнички пораки во кои се нуди „безбеден премин“ низ Ормутскиот теснец во замена за плаќање во криптовалути.

Според извештаите, непознати лица се претставувале како претставници на иранските власти и барале такси за транзит да се платат во Биткоин или Tether, за да се одобри премин на бродовите низ теснецот. Mарискс нагласува дека станува збор за измама и дека иранските власти не стојат зад овие пораки.

— реклама —

До предупредувањето доаѓа во период на зголемени тензии во регионот, при што САД вовеле ограничувања за ирански пристаништа, додека Иран повремено го ограничува поморскиот сообраќај низ овој клучен светски трговски коридор.

— реклама —

Во исто време, во регионот се регистрирани инциденти со пукање кон бродови, а стотици пловила со илјадници морнари остануваат заглавени во зоната на ризик.

— реклама —

Компанијата предупредува дека ваквите измами може дополнително да ја зголемат конфузијата и ризикот за бродските екипажи кои се обидуваат да поминат низ една од најчувствителните поморски рути во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

Пожар на танкер кај брегот на Оман: Двајца членови на екипажот исчезнаа

Свет | пред 1 месец

helikopter-2

Американски хеликоптер се урна во Ормутскиот теснец, пилотите спасени од морнарички дрон

Свет | пред 1 месец

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Танкери поминаа низ Ормутскиот теснец и покрај блокадата

Свет | пред 1 месец

media-librarye00ogmjt1f392he6MPf

ЕУ предупредува: Можно е недостиг од авионско гориво ако продолжи блокадата на Ормутскиот теснец

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања