Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Израел: Го укинуваме договорот со Палестинците, контролата се враќа кај нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2024-09-29-at-12.10.07

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека го поништи Хебронскиот договор од 1997 година, со што дел од овластувањата во поделениот град Хеброн на Западниот Брег повторно ќе преминат под целосна одговорност на израелската држава.

— реклама —

Смотрич, кој важи за еден од најтврдокорните десничари во израелската влада, ја нарече одлуката „историска исправка“ и порача дека продолжува со „продлабочување на израелскиот суверенитет“ на Западниот Брег.

— реклама —

Според неговата објава, палестинската општинска власт во Хеброн повеќе нема да има надлежности над одредени делови од градот и светите места, меѓу кои и Гробницата на патријарсите, позната и како Авраамово светилиште.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди дека станува збор за многу опасен потег и ја повика меѓународната заедница итно да интервенира, оценувајќи дека одлуката ги поткопува напорите за решение со две држави.

— реклама —

Критики стигнаа и од израелската организација „Peace Now“, која одлуката ја оцени како „опасен и неодговорен чекор“ што може дополнително да ги разгори тензиите на окупираниот Западен Брег.

Хебронскиот договор беше постигнат во 1997 година за време на претходниот мандат на Бенјамин Нетанјаху како премиер и предвидуваше поделба на градот меѓу израелската и палестинската администрација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 2 дена

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 3 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања