Промени тема
Контакт

Израел и Хамас блиску до договор за прекин на огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
gaza1

Прекин на огнот меѓу Израел и Хамас би можел да биде прогласен уште вечерва, доколку двете страни постигнат договор, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Доколку денес се постигне консензус, примирјето ќе биде воспоставено преку посредување. Страните покажаа силна волја за ослободување на затворениците и заложниците“, изјави Фидан, пренесува The Times of Israel.

— реклама —

Тој додаде дека преговорите во египетското одморалиште Шарм ел Шеик се фокусирани на четири приоритети: ослободување на израелски и палестински заробеници, повлекување на израелските одбранбени сили, обезбедување хуманитарна помош и условите за евентуален прекин на огнот.

— реклама —

Фидан предупреди дека секогаш постои можност израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да го саботира процесот, додека, како што рече, пристапот на Хамас во преговорите бил „рационален“.

— реклама —

Во меѓувреме, висок претставник на Хамас, Тахер Ал-Нуну, потврди дека израелските и палестинските преговарачи веќе размениле списоци со затвореници и заложници кои би можеле да бидат ослободени доколку дојде до договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 9 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 23 часа

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања