Промени тема
Контакт

Израел и Хамас никогаш не се поблиску до договор, објави Катар: „Основните проблеми се испеглани, но мора да бидеме внимателни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Министерот за надворешни работи на Катар, земјата која е посредник во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, зборуваше на прес-конференција и рече дека не може да вети дека прекинот на огнот ќе биде објавен денеска, но сепак даде надеж дека тоа ќе се случи, пренесува Би-Би-Си.

- Многу е тешко да се одреди временската рамка, но ние сме што е можно поблиску до постигнување прекин на огнот во однос на секој момент досега, рече Мајед Ал Ансари и потврди дека до двете страни се доставени два нацрти.

— реклама —

– Ние сме многу блиски и оптимисти за договорот, додаде Ал-Ансари и апелираше до двете страни да го потпишат договорот за што поскоро да заврши војната.

Запрашан од новинарите што го прави договорот за прекин на огнот поверојатен овој пат отколку порано, тој рече дека администрацијата на Бајден и администрацијата на Трамп целосно учествувале во неодамнешните разговори и работат во тандем за да обезбедат постигнување договор. Тој исто така додаде дека во текот на последните денови се решени главните прашања што го спречуваат постигнувањето договор.

— реклама —

Катар, вели тој, овојпат е особен оптимист и се надева дека ќе се постигне договор. Иако најголемите предизвици се надминати, тој посочува дека преговорите се уште не се завршени.

— реклама —

- И најмал детал може да го поткопа целиот процес. Основните проблеми се испеглани, но тоа не значи дека се е решено, заклучил Ал-Ансари, пренесува Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 14 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања