Промени тема
Контакт

Израел на раб на внатрешна криза поради плановите за целосна окупација на Појасот Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реши да оди до крај – и да го припои целиот Појас Газа, без оглед на жестокото противење од врвот на сопствената армија. Генералот Ејал Замир, началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (IDF), му се спротистави на планот со остра забелешка: „Ова е стапица за IDF“.

Но, наместо аргументи и анализа, следуваше напад од – синот на премиерот. Јаир Нетанјаху го обвини генералот Замир дека стои зад „побуна и обид за воен удар како од банана-држава во Латинска Америка од 70-тите“. Настрана од вулгарноста на нападот, јасно е дека тензиите не се само во Газа – туку и во Тел Авив.

— реклама —

Официјално, IDF веќе контролира околу 75% од територијата на Појасот Газа. Според планот на Нетанјаху, армијата треба да го освои и остатокот. Генералот Замир предупредува – ваквата операција ќе ги загрози животите на најмалку 50 заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, од кои најмалку 20 се живи. Дополнително, целосната окупација би ги исцрпила ресурсите на војската и би можела да предизвика хуманитарна катастрофа за речиси два милиона Палестинци.

Нетанјаху, притиснат од екстремно десничарските коалициски партнери, не отстапува. Неговиот план се темели на визијата на министерот за финансии Бецалел Смотрич, кој пред неколку дена изјави: „Газа е дел од Израел. Ќе има масовно враќање на Израелците во Газа, поголемо од кога било“.

— реклама —

Воените лидери нудат алтернатива: опколување на Газа и прецизни операции наместо ризична целосна окупација. Но Нетанјаху сака планови „за окупација“, не „за обиколување“. На средбата со генералите, поради остриот став на Замир, премиерот му порача: „Направете подобрувања на планот и повторно презентирајте“.

— реклама —

Во позадина, политичката математика е јасна: ако Смотрич ја напушти владата – следат избори. А анкетите не ветуваат ништо добро за Ликуд. Затоа, Нетанјаху се обидува да балансира меѓу своите политички спасувачи и воената реалност на терен. Единствени кои сè уште немаат збор се – цивилите во Газа. И заложниците. И војниците што би требало да ја извршат оваа „замка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 11 час

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања