Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тензии меѓу Париз и Тел Авив: Израелски дипломат со саркастична порака до Макрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
makron-3

Израелскиот дипломат во Женева, Валид Гадбан, јавно му се потсмеа на францускиот претседател Емануел Макрон, откако Франција побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради израелските воени операции во Либан.

— реклама —

Гадбан на социјалната мрежа Икс сподели објава со фотографија од Макрон и информација за француското барање до ОН, а како одговор објави видео од прославите во Париз по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. На снимката се гледаат луѓе собрани околу запалено возило.

— реклама —

„Во меѓувреме во Париз“, напиша израелскиот дипломат во објавата.

— реклама —

Претходно, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги оцени израелските воени операции во Либан како „исклучително загрижувачки“ и соопшти дека Париз побарал итна седница на Советот за безбедност на ОН.

„Ништо не може да го оправда продолжувањето на воените операции во Либан и сè подлабоката окупација на либанска територија“, изјави Баро, додавајќи дека израелските потези претставуваат „голема грешка“.

Размената на пораки доаѓа во период на зголемени дипломатски тензии меѓу Франција и Израел поради ситуацијата во Либан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 4 дена

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 5 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања