Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ја давел и мавал со боксови пред ќерката, избегала од дома за да се спасат двете - обвинение за обезбедувачот на Мицкоски за семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека до Основен кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог против Раде Ристовски член на поширокото обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „телесна повреда“.

— реклама —

Според обвинителството, по претходна вербална расправија во семејниот дом, обвинетиот физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави.

— реклама —

Во нападот, на жената ѝ биле нанесени телесни повреди и психичка вознемиреност.

Како што наведуваат од обвинителството, оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон. Таа заедно со ќерката побарала помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

— реклама —

Со обвинителниот предлог е доставено и барање за продолжување на мерката притвор, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото. Обвинителството посочува дека обвинетиот живее во заеднички дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.

— реклама —
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Уапсен обезбедувачот на премиерот Мицкоски поради напад на сопругата

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Раде Ристовски (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО-ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.Ристовски е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во тра

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања