Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јадранка Косор бара Хрватска да ги блокира преговорите на Србија и Црна Гора со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира пристапните преговори на Србија и Црна Гора со Европската Унија, по реакциите во двете земји по смртта на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

— реклама —

Косор оцени дека реакциите на српските власти по смртта на Младиќ се причина Хрватска, како членка на ЕУ, да преземе чекор кон блокирање на преговорите со Србија.

— реклама —

„По реакцијата на властите во Србија на смртта на осуден џелат, воен злосторник, Република Хрватска, членка на ЕУ, мора да ги блокира преговорите на таа земја за ЕУ. А и Црна Гора поради четникот Мандиќ“, напиша Косор.

Нејзината реакција следува по смртта на Ратко Младиќ во притворската единица во Шевенинген. Претставници на српските власти реагираа на неговата смрт, при што, според Косор, имало величење на Младиќ и негирање на злосторствата за кои тој беше осуден, меѓу кои и геноцидот.

— реклама —

Во Црна Гора, пак, претседателот на Собранието и лидер на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ, му изрази сочувство на синот на Младиќ, Дарко Младиќ.

— реклама —

„Тукушто му изразив сочувство на Дарко Младиќ, во мое лично име и во име на Новата српска демократија, по повод смртта на неговиот татко, генерал Ратко Младиќ“, објави Мандиќ на социјалната мрежа „Икс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 18 часа

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 1 ден

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања