Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јахији прогласи пласман во вториот круг за избор на градоначалник на Брвеница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjnscfc76j0890dhLDwF

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахији, прогласи пласман во вториот круг од предвремените локални избори и најави дека очекува победа на 1 ноември.

— реклама —

Јахији оцени дека изборниот процес поминал на повисоко ниво, со, како што рече, европска кампања. Тој посочи дека прелиминарните резултати според неговите информации покажуваат предност од 600 гласа и повика на фер и коректно однесување во продолжението на изборната трка.

— реклама —

„Ова е резултат на првиот круг, сега го чекаме вториот круг, сите заедно за Брвеница. Финалните избори и славењето ќе бидат на први ноември, кога ќе ја добиеме Општина Брвеница“, изјави Јахији, заблагодарувајќи им се на гласачите за поддршката.

Според првичните и неофицијални резултати на ДИК, наведени во објавата, води Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со 1.145 гласови, односно 45,44 отсто. Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН има 618 гласови (24,52 отсто), додека Јахији освоил 424 гласа (16,83 отсто). Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ има 278 гласови (11,03 отсто).

— реклама —

Независниот кандидат Душан Богдановски освоил 17 гласови, а независната кандидатка Арифе Идризи три гласа. Конечните резултати треба да ги потврди Државната изборна комисија.

— реклама —

На предвремените избори во Брвеница право на глас имаа 16.256 избирачи. Изборите се одржуваат по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3d984ho3fbl62JR2FP

(Фото) Со авиони доаѓале на гласање во Брвеница, Јахији ѝ се заблагодари на дијаспората

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryviuutf0quk3v3rHWbHl

(Видео) Со извици „УЧК“, ДУИ си славеа победа на Аркин Јахиј во Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjnscfc76j0890dhLDwF

Аркин Јахиј е нов градоначалник на Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Во Брвеница гласаат болните и немоќните лица и затворениците: Право на глас имаат 116 лица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања