Четири астронаути од мисијата на НАСА, Артемис 2, влегле во доменот на гравитациско поле каде силата на Месечевата гравитација повеќе влијае врз леталото отколку Земјината.
Посадата на Артемис 2 ја достигнала оваа точка четири дена, шест часа и две минути по почетокот на мисијата, на околу 62.800 километри од Месечината и 373.400 километри од Земјата, пренесува „Gardian“.
Следната клучна фаза ќе биде летот кон темната страна на Месечината и подлабоко во вселената од било која досегашна космичка мисија.
„Сите сме исклучително возбудени. Нашиот тим за летечки операции и нашиот научен тим се подготвени за првиот прелет на Месечината во последните 50 години“, изјави Лори Глејз, заменик-помошник администратор на НАСА за мисијата за развој на истражувачки системи.
Мисиите Аполо од 1960-тите и 1970-тите летале стотици километри над лунарната површина, но посадата на Артемис 2 ќе се доближи на нешто повеќе од 6.400 километри од Месечината, што ќе им овозможи да ја видат целата, сферична форма на природниот сателит на Земјата, вклучително и региони близу двата Месечеви пола.