Викендов нè очекува „Жетвената Месечина“ – најсветла ќе биде во сабота
На ноќното небо овој викенд ќе може да се види една од најпознатите полни месечини во годината – „Жетвената Месечина“. Во 2026 година таа ќе достигне максимална осветленост во сабота, 26 септември, а доколку временските услови бидат поволни, ќе изгледа полна и светла неколку ноќи по ред.Називот „Жетвена Месечина“ се користи за полната Месечина која се појавува најблиску до есенската рамноденица. Бидејќи годинава рамноденицата беше на 22 септември, септемвриската полна Месечина го добива ова име.
Македонија | пред 2 седмици