Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Се подготвува историска вселенска мисија: Кина испраќа астронаути на Месечината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 42 минути -

Свет
media-libraryii7cqu8iecap17savKW

Кина планира до 2030 година да ја реализира својата прва мисија со човечки екипаж на Месечината, во рамките на која двајца астронаути треба да се спуштат на нејзината површина. Ова беше соопштено на Седмиот кинески симпозиум за вселенски летови со човечки екипаж, одржан во Пекинг.

— реклама —

Заменикот на главниот проектант на кинеската програма за вселенски летови со човечки екипаж и главен проектант на програмата за истражување на Месечината, Ванг Сјанг, изјави дека е планирано првиот кинески екипаж да го сочинуваат тројца астронаути, од кои двајца ќе престојуваат на површината на Месечината, објави „Глобал тајмс“.

Мисијата ќе се заснова на модел на средба и спојување на летала во орбитата на Месечината, со употреба на две ракети-носачи „Лонг Марч-10“.

— реклама —

Според планираното сценарио, со првата ракета во орбитата околу Месечината ќе биде испратен лунарниот модул, додека со втората ќе биде лансирано летало со човечки екипаж, кое потоа ќе се спои со модулот.

— реклама —

Двајцата астронаути ќе преминат во лунарниот модул, кој ќе се одвои од леталото и ќе се спушти на површината на Месечината, каде што ќе вршат научни истражувања.

По завршувањето на активностите, астронаутите со модулот ќе се вратат во лунарната орбита, повторно ќе се спојат со леталото и заедно со третиот член на екипажот ќе тргнат назад кон Земјата.

Според кинескиот весник, истражувачките, развојните и градежните активности во рамките на кинеската програма за испраќање човечки екипаж на Месечината напредуваат според планираната динамика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Кинезите на чекор до ефикасна терапија за тешки оштетувања на мозокот: објавени резултати од клиничко испитување

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 3 дена

media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 5 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања