Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јакимовски контра Мицкоски: 90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
media-librarys1co97kotqt3eCNxnaW

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вчера беа во Oсновното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае каде се одвиваат градежни активности за изградба нова спортска сала.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави краток исечок од изјавата на Мицкоски во која премиерот вели дека овој објект добива своја физиономија, дека била заглавена изградбата и проектот самиот по себе.

„Не можам да се изначудам зошто овој човек има толкава патолошка потреба да лаже?

— реклама —

Проектот ниту бил заглавен, ниту тие го одглавувале. Повеќе наменска спортска сала Димо Хаџи Димов со 400 гледачи е проект изработен од мене уште во 2017та година.

Успешно е спроведена Јавна Набавка во Октомври и избран е економски оператор.

До утре 13 Февруари 2026та година, има точно 90 дена откако тој постави свој градоначалник во Општина Карпош.

— реклама —

90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле.

Бидејќи има многу мерак да одговара на прашања, еве нека одговори: Во што бил проектот закочен и што тие откочиле?

Кога се кај откочувањето, што не си ја откочат градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 1?

— реклама —

45 дена откако е завршена и не ја пуштаат во употреба.

Им се заблагодарува на советниците. Веројатно знае дека истиот овој проект токму неговите советници од Вмро-Дпмне не го гласаа.

И не знам на кој пратеник мисли, бидејќи од Карпош има двајца.

— реклама —

Ама кој и да е, заслуга за изградба на оваа сала има некој си пратеник, колку што има мојот шестмесечен внук“, вели Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 1 ден

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања