Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.

— реклама —

„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.

При што пратеникот Јамалов посочи дека ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.

— реклама —

„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.

Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.

На крај Јамалов заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.

„Овој Буџет ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, средствата се насочуваат таму кадешто ќе дадат најголем ефект, во економија, во инфраструктура и во човечкиот капитал. Со ваков пристап, Република Македонија влегува во 2026 година со силна основа, со стабилни јавни финансии и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски предупредува: „Едно вештачење за мазут чини 1.500 евра, а обвинителството останува без пари и во 2026“

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryekcindac4m3g1C2akTh

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции

Македонија | пред 3 седмици

manu

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања