Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Јане Ченто со обраќање до јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-06-at-22.12.10

Осудениот за 27 април, Јане Ченто, пред изборниот молк се обрати до јавноста. Тој смета дека Македонија е мета на разојници, а треба да се ослободи. Неговото обраќање во целост:

„Победата е на дофат, мириса на слобода во воздухот, дури и тука во затвор се чувствува енергијата која ја донесе ВМРО за промени. Ова се историски денови за Република Македонија кога после 20 години на власт ДУИ и Али Ахмети конечно ќе бидат испратени во опозиција а со тоа се отвора патот на напредокот на Македонија, бидејќи ДУИ е тој што ја кочи Македонија во се.....тоа е "ракот" на македонската држава од 2001 до ден денес.

— реклама —

Правдата мора да ја вратиме, да ја ослободиме од синџирите и канџите на неколкумина кои решаваа за судбините на многу нанесени неправди изминатите години и индивидуално но и колективни неправди кои ги направија кон својот народ.

Македонија е клекната на колена веќе 7 години и нѐ моли да ја спасиме....а грабната мајка од разбојници не треба да ја жалиме, ТУКУ ДА ЈА ОСЛОБОДИМЕ!

— реклама —

Сме ја спасувале како народ многу пати низ историјата а такви се и овие денови во кои Ве повикувам сите да се приклучите во борбата и да ја ослободиме Македонија од џелатите и нивните измеќари.

За сдс нема да трошам зборови....тие се небитни, предавници на својот народ и тоа го знаат сите.

Македонија е емоција и никакви затвори таа емоција не може да ја затвораат, бидејќи на затворениот ради патриотизам и затворот му е мил наспроти оние кои направија гнасни предавства кон сопствениот народ и се на слобода можеби физички но психички нема поголем затвор од нивниот.

Браќа и сестри, Ве повикувам на 8ми Мај сите заедно да излезете и дадете поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.

Јас оваа енергија што ја чувствавам во затвор, знам дека Вие ја чувствувате повеќе на слобода, а таа енергија е дека промените доаѓаат и дека Македонија ќе си ја вратиме, а со тоа ќе ги вратиме и институциите во кои сите ќе бидеме еднакви без разлика на етничката припадност.

Македонија ќе победи благодарение на истрајноста, трпението и мудроста на македонскиот народ и лидерството на ВМРО.

Јас силно верувам дека идниот премиер Христијан Мицкоски заедно со неговиот тим ВЕДНАШ ќе започнат со реформите кои ги ветија.

НЕПОКОРОТ кој го покажавме во овој најцрн период во независна Македонија нека биде мотив повеќе да излезете и да гласате за број 2.

Македонија е жива онолку колку што е жив нејзиниот македонски народ.....

Овие денови МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е најжив во последните 7 години а со тоа се враќа и надежта дека ќе успееме како држава.

Да живее Република Македонија 🇲🇰

Ќе изгрее сонцето на слободата“, вели Јане Ченто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn6sfp5er2ich6dM57Ie

Ченто: Нема да прифатам „вистина“ што е создадена на хартија, а не во реалност

Коментари | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryn6sfp5er2ich6dM57Ie

Емотивна исповед на Ченто: Имаше денови кога не знаев дали ќе останам жив…

Коментари | пред 4 дена

jane-cento

(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“

Коментари | пред 1 месец

media-libraryg0t9jvdbjaqh972Y0KU

„Одговорноста не застарува“: Ченто реагира на изјавата на Заев

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања