Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јаневска најави казни за родители на насилни деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Весна Јаневска, министерка за образование и наука, најави законски измени со кои ќе се предвидат санкции за родители чии деца покажуваат насилно однесување во училиштата.

Таа информираше дека веќе се разговара со пратеници за формулирање на измените во законската регулатива.

— реклама —

„Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот“, изјави Јаневска на прес-конференција.

Изјавата следува по последниот случај на насилство во основно училиште во општина Чаир, како и по инцидентот во ООУ ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто, каде 15-годишник нападнал ученик со остар предмет.

— реклама —

Од МВР соопштија дека малолетникот бил лишен од слобода, а повредениот ученик бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

— реклама —

Директорот на Ургентниот центар, Игор Мерџаноски, информираше дека момчето е во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба, со сериозни повреди на црниот дроб и долната шуплива вена.

Јаневска оцени дека агресијата кај децата и внесувањето ладно оружје во училиштата не потекнуваат од образовните установи, туку од надворешната средина и семејството.

„Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех“, порача министерката.

Таа повторно ја отвори и темата за лиценцирање на училишните психолози, како и дополнителна едукација на наставниците за препознавање насилно однесување кај учениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања