Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Шест нови училници овозможија едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Скопје
media-library0fdgclft53a49lbcdQc

Учениците во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода од 1 септември годинава следат настава во една смена, откако со инвестиција од 19 милиони денари, обезбедена заеднички од Владата и Општината, училиштето доби шест нови училници.

— реклама —

Училиштето денеска го посетија министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

— реклама —

Јаневска истакна дека едносменската настава е концепт за кој се залага Владата, а нејзиното воведување постепено се проширува во соработка со општините. Според неа, ваквиот начин на работа придонесува за подобра концентрација на учениците, поголема социјализација и поефикасно користење на училишните објекти.

Таа најави поддршка за проширување на уште три училишта во Кисела Вода – централното ОУ „Круме Кепески“, ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево и ОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. За секое од нив се предвидени по шест нови училници, а постапките за избор на изведувачи треба да бидат објавени наскоро, со почеток на градежните активности на почетокот на следната година.

— реклама —

Според податоците што ги соопшти министерката, од вкупно 1.023 училишни објекти во земјата, во 620 наставата веќе се одвива во една смена.

— реклама —

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска информираше дека општината ги опремила новите училници со мебел, табли, паметни уреди и преносни компјутери за наставниците. Таа посочи дека подобрувањето на условите за образование останува заеднички приоритет на локалната и централната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Намалени блок-дотациите за образованието за 570 милиони денари

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-librarycq4r82gai3o235DqNbP

Јаневска: Изградивме ефективен систем за образование на возрасните, остварената цел е нотирана во Извештајот на ЕУ за 2026 година

Македонија | пред 1 ден

media-library8c0okkjna2sk00DJ7wk

Јаневска: Заедничка е одговорноста да им обезбедиме среќно детство и перспективна иднина на сите наши деца

Македонија | пред 4 дена

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Долговите за струја на УКИМ ќе се платат од ребалансот на Буџетот, најави Јаневска

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања