Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: Поништени дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше за сериозни неправилности во високото образование, поради кои се поништени студентски документи и се поднесени пријави до Јавното обвинителство.

— реклама —

Како што соопшти Министерството, на Филозофскиот факултет при УКИМ се утврдени неправилности поврзани со 17 студенти. Во рамките на постапката се поништени осум дипломи, а дел од случаите се однесуваат на студенти кои веќе ги продолжиле студиите на повисоки циклуси.

— реклама —

Дополнително, останува една постапка што треба да ја заврши самиот факултет, по што Министерството ќе ги поништи документите за сите засегнати студенти.

Во друг случај, на приватен универзитет, е утврдено дека еден студент поседувал две дипломи за истовремени студии на различни циклуси, при што постои сомнеж дека документите се фалсификувани.

— реклама —

Министерката Јаневска истакна дека Министерството постапува неселективно и дека законот важи подеднакво за сите високообразовни институции, без разлика дали се јавни или приватни.

Случаите се веќе пријавени во Јавното обвинителство, кое треба да ја продолжи постапката и да утврди евентуална кривична одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања