Јаневска: Претходната Влада не испечатила ниту еден учебник за седмо одделение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4866

,,Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Дел не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и учебниците за седмо одделени се печатат и испорачуваат, фактичката состојба е сосема поинаква.”

— реклама —

Оваа информација со медиумите денеска ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, посочувајќи дека за надминување на предизвикот се бара решение заедно со Бирото за развој на образованието.

— реклама —

„Неколку денови разговараме со Бирото и најверојатно учениците од седмо одделение и следната учебна година ќе учат од постојните учебници, оние кои и досега беа во употреба. Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни со наставните програми, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали“, рече Јаневска.

— реклама —

Таа посочи дека разговорите и дискусиите со БРО сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, Концепцијата ќе биде одложена на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања