Јаневска: Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование, ќе градиме стабилен систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Janevska-10.04

,,Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование. Потребен ни е стабилен систем кој нема да се менува на неколку години, со секоја промена на Влада или на министер. За жал, и јас се наоѓам во ситуација кога треба да правам итни промени, во насока на обезбедување непречен воспитно образовен процес. Тоа некако страшно звучи меѓу граѓаните кои сосема оправдано имаат страв кога ќе се спомене реформа. Но, ветувам дека во иднина ништо нема да биде направено на сила и без консултации со засегнатите чинители на образовниот систем.”

— реклама —

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Магазин“ на ТВ Вистел, каде говореше за проблемите кои ги затекнала во министерството, како и за плановите на Владата за унапредување на квалитетот на македонскиот образовен систем.

— реклама —

„Деновиве потпишувам исплата на финансиска помош за учениците од социјално ранливите категории, за јануари, февруари и март. Минатата Влада не им ги исплатила и не ми е јасно зошто, кога имало доволно средства на соодветната ставка. Ова е едноставен пример до каде отишла неодговорноста кон граѓаните“, рече Јаневска, додавајќи дека има многу проблеми од ваква природа кои се наталожиле низ годините наназад, а всушност можеле да бидат одбегнати.

— реклама —

Посочи дека меѓу клучните приоритети е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни програми, а се осврна и на грижата кон наставниците и на подигнувањето на степенот на инклузија во образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања