Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јанез Јанша повторно избран за премиер на Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs
wikimedia commons

Парламентот на Словенија денеска го избра лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, за нов премиер со 51 глас „за“ и 36 „против“.

— реклама —

Со ова, Јанша доби мандат за составување на својата четврта влада, која ќе биде 16. влада на Словенија. Во рок од 15 дена треба да ги предложи министрите во новиот кабинет.

— реклама —

По изборот, Јанша положи свечена заклетва пред пратениците дека ќе го почитува уставниот поредок и ќе работи во интерес на државата.

Лидерот на СДС претходно потпиша коалициски договор со партиите Нова Словенија, Словенечка народна партија, „Фокус“ и „Демократи“.

— реклама —

Меѓу главните приоритети на новата влада, Јанша ги најави економскиот развој, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и децентрализацијата и дебирократизацијата.

— реклама —

Новата влада треба да ја наследи администрацијата на Роберт Голоб, кој и покрај победата на изборите во март, не успеа повторно да формира коалиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb02mpud7hebi5pryTkd

(Видео) Реките се излеваат, свлечишта затворија патишта: Словенија и Италија под силно невреме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library96v5rst2puce42n0jT7

Неколку дена трае потрагата по исчезнатиот 19-годишен планинар од Србија на Триглав

Балкан | пред 1 седмица

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања